December 2, 2013 in Македонски Вебдизајн

Подобар рејтинг за вашиот веб сајт до Нова година

Podobar SEO за вашата веб страница

5 Совети како до Нова Година да добиете поатрактивен веб сајт

[custom_frame_left]Veb sajt seo do nova godina[/custom_frame_left]Независно од тоа дали сте сопственик на веб сајт кој треба да го претстави вашиот бизнис или компанија или пак само некој кој има нешто да му каже на светот, сајтот треба да биде оптимиран на тој начин што кога некој ќе пребарува на интернет претражувачите како Google, Yahoo или Bing, тој ќе котира високо и треба да се појави на некоја од првите страни на пребарувањето. Во друг случај најверојатно е дека единствените посетители на вашиот веб сајт ќе бидат вашата мајка и најблиските пријатели кои ќе го посетат еднашка кога ќе им кажете дека имате нова веб страница. Додека повеќето фирми најмуваат професонална помош(!)  за оптимизација на нивните веб сајтови, има многу работи кои можете да ги сторите самите.
Јордан Павловски SEO косултант во МакедонскиПреводи& вебдизајн, компанија која е фокусирана на изработка на квалитетни и оптимирани веб страници ви нуди 5 бесплатни совети како да го подобрите вашето рангирање кај интернет пребарувачите до Нова Година:

1. Создадете креативни и пред се квалитетни содржини- како никогаш досега креирањето на квалитетни и оргинални содржина не било толку значајно за видливоста на вашата веб страница на интернет. Поголемиот дел од содржините треба да се направени така да тие би можеле  да се употребат и во иднина само малку преработени за други цели. Со други зборови вашата содржина не е рекламна кампања за вашиот нов продукт или услуга и затоа прескокнете ги таквите содржини.

2. Употребете ги социалните мрежи што повеќе можете. Помеѓу милиони интернет веб страници поврзани една со друга на некој начин роботите претражувачи на Google, Yahoo, или Bing на своите корисници сакаат да ги одберат и достават најрелевантните и најпопуларнисодржини. Споделувањето и лајкувањето (Share, like) даваат добри сигнали за тоа. Што повеќе споделувана содржина толку повисок ранг на листите на претражувачите.

3.Направете си Google+ авторство, т.е вашата сликичка од Google+ да се појави до резултатот од пребарувањето. Како се прави тоа  ќе  можете да прочитате во следната статија. Овој мал напор да си ја вметнете сликичката како автор ќе ви го подобри рангирањето за околу 30%. Додуше не е само до сликичката него и ‘е трба да објавувате материјали под тоа авторско име почесто.

Google autorship

4.Регистрирајте го вашиот бизнис на географската карта т.е  листата на Google Places. Ова им овозможува на корисниците да одговорат и да дадат  осврти и коментари во врска со вашиот бизнис. Алгоритамот на Google ги вреднува коментарите и освртите во рамките на нејзиниот целокупен рејтинг.

5.Најдете барем еден квалитетен повратен линк до вашата веб страница- Неквалитетни линкови т.е линкови од безначајни веб страници или линкови од страници со содржини кои немаат никаква врска со содржините на вашата веб страница можат само да ви наштетат при оценката на квалитетот на вашиот вебсајт. Потрудете се да бидете цитирани во публикации од вашата бранча или испратете им содржини кои ќе бидат од полза на нивните читатели. Не заборавајте да замолите за линкче до вашата веб страница.




By browsing this website, you agree to our privacy policy.
I Agree